Македонија
9. March 2021 - 16:56

Граѓаните повторно извисија за вакцинирање, руските вакцини ќе се користат за здравствените работници

Граѓаните повторно извисија. Руската вакцина “Спутник В” која се најавуваше за лицата со сериозни хронични заболувања и постарите од 70 години ќе биде наменета за здравствени работници информираа од Министерството за здравство. 

Имунизацијата на медицинските лица со 3000 вакцини од Русија стартува утре, а ќе  се одвива во Поликлиниката Јане Сандански. 

- Поради проширувањето на ковид капацитети и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање на ковид инфрекција, од сите институции во државата, велат од МЗ.

Вчерашниот план пак кој го најави министерот за здравство Филипче беше “Спутник В” од среда да почне да се аплицира во домовите за стари лица. Со имунизација најпрвин да бидат опфатени штитениците и вработените во овие установи.

– Утре овде во пунктот во Поликлиниката Букурешт ќе почне и ревакцинацијата со вакцината Фајзер. Втора доза ќе добијат медицинарите кои први се имунизираа. Досега оваа вакцина против Ковид ја примиле 3.759 здравствени работници.

Од друга страна повеќе од 130.000 граѓани пројавиле интерес за вакцинација. За да се заштитат треба да чекаат нова количина вакцини.