Бизнис
15. May 2021 - 16:36

Граѓаните побрзаа во агенциите за искористување на ваучерите од минатата година

Туристичките агенции очекуваат заживување на летната сезона  поради отворањето на Грција за македонските државјани. За само 24 часа откако беше објавена веста дека јужниот сосед ќе ја крене рампата, доста граѓани се јавиле за да резервираат  сместување. Најголем дел од нив се со туристички ваучери кои не успеаа да ги искористат минатата година, но има и нови резервации.  

Се надеваат дека наскоро ќе можат да организираат тури и за други европски земји кои во моментов се затворени или пак има карантин. Во овој момент без ограничувања Македонците можат да патуваат во Црна Гора, Косово, Србија, а од скоро и во Албанија.  

Туристичките агенции една година беа без активности и се соочија со сериозни штети, поради што некои беа принудени да ги затворат агенциите. Но сега се оптимисти дека епидемиолошката слика ќе продолжи да се подобрува и  полека ќе се вратат на патеките од пред пандемијата.