Македонија
27. October 2019 - 18:04

Граѓаните не се задоволни од работата на пратениците

Близу две третини од граѓаните не се задоволни од работата на нивните претставници во законодавниот дом. Според последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, 63,5% од граѓаните не се задоволни од работата на пратениците, додека 26,4% велат дека се задоволни.
Само 4,2% велат дека се целосно задоволни од работата на нивните пратеници. 22,2% велат дека донекаде се задоволни од работата на пратениците додека 25,4% велат дека донекаде не се задоволни од работата на пратениците. Најголемо мнозинство или 38,1% велат дека целосно не се задоволни од работата на пратениците. 10% од анкетираните граѓани немале одговор на ова прашање.