Граѓаните на Делчево се приклучија кон иницијативата „За заедничка Македонија“
Сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа за заедничка Македонија и да ги отфрлат платформите пишувани во другите држави, порачаа учесниците на денешниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“ што за прв пат се одржа во Делчево.
- Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите. Бараме од партиите, посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштаат да се гласа во Собранието за двојазична Македонија, затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија, истакна Кирчо Атанасов, претставник на граѓанската иницијатива.
Од претседателот на државата се бара да опстои на својата одлука, да го почитува Уставот и да не го доделува мандатот по истекувањето на уставниот рок.
Протестниот марш се одвиваше по улиците во центарот на Делчево и помина мирно.
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто