Бизнис
3. April 2020 - 14:57

Граѓаните кои три месеци на добиле пари за туѓа нега, од понеделник ќе си ги добијат заостанатите надоместоци

Граѓаните кои 3 месеци не добиле пари за туга нега, од понеделник ќе си ги добијат заостанатите надоместоци,  тврди заменик министерот за труд Бајрактар. Решенијата за исплата ги потпишал денеска, како и барањата за  еднократна помош за новороденче.  Поради ситуацијата со корона кризата,  апликациите за родителски надоместок ќе можат да се поднесуввт и по 3 месеци по истекот на вонредната ситуација, информираат од министерството. .. За пребродување на кризниот период, најзагрозените семејства, покрај минимална  плата ќе добијат и ваучер за енергенс во вредност од 1.000 денари,.

Тонско Предвидовме уште една мерка, постоечките корисници во системот на социјална заштита, ќе добијат дополнителна исплата на енергетски додаток за месеците април и мај. Тоа се околу 30.000 корисници кои ќе добијат износ од 1.000 денари плус, во април и мај“, нагласи заменик министерот за труд и социјална политика Бајрактар.

Ранливите категории граѓани кои имаат деца во основно ќе продолжат да добиваат 700 денари месечни, почнувајќи од февруари, и покрај тоа што не одат на училиште. 1000 денари се предвидени за средношколците

Тонско Затоа е многу значајно децата од семејства без или со ниски приходи да добијат дополнителна поддршка. Владата донесе уредба за престанување на важење на условот за потврда за редовност за исплата на додатокот за образование за третиот  и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година,  со цел да го олесниме пристапот до овие права. Тоа значи дека исплата на образовен додаток ќе добијат околу 17.000 деца“, рече дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Шкријељ.

Се уште нема точна бројка колку лица останале без работа и се пријавиле за добивање социјална помош,. Надлежните очекуваат зголемена бројка, но уверуваат дека пари ќе има за сите . Лицата кои останале без работа, како и оние кои работеле не пријавени, максималната сума која ќе им биде исплатена изнесува 14.500 денари, односно  просек на сите приходи во семесјтвото, по сите основи,с метано од последниот месец.аша Мерсовска