Балкан
1. October 2017 - 22:05

Графити „Војводина=Каталонија“ испишани во повеќе градови во Војводина

Графити „Војводина=Каталонија“ се појавија денеска на повеќе места во Војводина, јавуваат локални медиуми.

Графити се регистрирани во Нови Сад, Зрењанин, Бачка Топола, Суботица, Сента, Кикинда и Жабаљ.

На графитите испишани со црн спреј нацртано е и знамето на Каталонија. Слични графити претходно испишуваше организацијата која се нарекува Млада Војводина.