Македонија
19. November 2019 - 19:37

Градот сади јапонски цреши и кај Бит пазар

Јапонски цреши ќе бидат засадени и на булеварот на Бит Пазар. Со есенската акција до сега се засадени вкупно 7300 дрвја. 

Градот Скопје во рамки на проектот „Микро 20“ уреди уште една фреквентна локација пред главната пошта, со зеленило, клупи, нова пешачка површина.

Преку разеленување на вкупно 20 вакви локации градоначалникот сака да ги стимулира граѓаните на алтернатинито начин на транспорт, пешачењето, велосипедизмот, корстиење електрични тротинети како побрз и поедноставен.