Градоначалникот на Сеул, кој во петокот се самоуби, обвинет за сексуална злоупотреба
Поранешната секретарка на градоначалникот на Сеул, Парк Вон-сун, кој почина минатата недела, го обвини за четиригодишна сексуална злоупотреба.
Парк Вон-сун беше пронајден мртов еден ден откако неговата поранешна секретарка го пријави во полиција.
Секретарката на Парк изјави дека добивала фотографии од него во долна облека и била повикана во неговата канцеларија и ја замолил да ја прегрне.
Секретарката побара заштита од одговорните во Градското собрание на Сеул, но нејзините обвинувања се игнорирани и додаде дека злоупотребата продолжила и откако го променила работното место.
Парк беше омилен градоначалник на Сеул и два пати беше избран за прв човек на градската власт.
Телото на Парк беше пронајдено во шума во северен Сеул, откако тој остави проштална порака за своето семејство, по што беше пријавен за исчезнат, а полицијата верува дека извршил самоубиство.
Сеул прогласи петдневна жалост за 64–годишниот градоначалник, а пред Градското собрание е поставено телото на Парк за десет милионските жители да можат да се збогуваат од него.
Над 500.000 луѓе потпишаа петиција во која бараат граѓаните на Сеул да се откажат од оддавање почит на Парк, откако во јавност се појавија обвинувања за сексуална злоупотреба.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација