Македонија
13. јуни 2020 - 10:45

Градоначалникот на Гази Баба Георгиевски е позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски е позитивен на коронавирус, тој утринава потврди за „Фокус“.
 
– Утрово го добив тестот, засега сум добар, немам температура и примам соодветна терапија пропишана од лекарите, вели Георгиевски.
 
Не е познато дали негови соработници од администрацијата во Општина Гази Баба ќе мора да одат во самоизолација.