Македонија
13. May 2020 - 16:44

Градежен работник падна во дворот на соседна куќа, граѓаните вознемирани

Ако во февруари се грижеа само за светлината без која останаа, сега семејството Колевски од Кисела Вода има многу поголема грижа. Вчера во нивниот двор падна работник од зградата која се гради веднаш до нивната ограда. 48 годишниот И.К од скопското Средно Коњари е тешко повреден и хоспитализиран во Градската општа болница. Одговорните на објектот прво повикале брза помош, но потоа се предомислиле и го одјавиле повикот, па работникот бил однесен во болница со приватно возило.

Пред три месеци Сител објави дека со измени во ДУП овозможено е новата зграда да стане лепенка на соседната куќа. Семејството Колевски за ваквите промени не биле уредно известени, а освен што останаа без дневна светлина во домот, сега имаа дополнителен проблемм со безбедноста на овој објект од кој постојано нешто паѓа во нивниот двор.

МВР го потврдува инцидентот кој се случил вчера напладне. Но полицијата на лице место излегла по повик од соседите, а не од сопствениците на објектот.

Работите на зградата денеска течат вообичеано и покрај вчерашниот инцидент. Од трудова инспекција детали за тоа дали објектот е обезбеден, дали работниците се заштитени и пријавени, најавуваат за утре.

ИК не е едиснтвениот градежен работник кој вчера паднал од објкет. Речиси во исто време иста пријава во МВР стигнала и од бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје. Таму, М.Ј.(56) од с.Гиновци, кривопаланечко се здобил со тешки телесни повреди и исто така е однесен во скопската градска општа болница.