Град Скопје започна со реконструкција на шеталиштето пред Градскиот парк
Екипите на Град Скопје почнаа да го реконструираат познатото шеталиште пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ до почетокот на влезот во Градскиот парк, кај Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веднаш спроти паркот на Франкофонијата.
-Во должина од 140 метри и со ширина од 10 метри, шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон, а ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад. Овој потег иако е еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, веќе подолго време беше руиниран и преставуваше критично место при шетање или движење со велосипед, информираат од Град Скопје.
Ова, велат, не е прва активност на Град Скопје кога станува збор за реконструкција на јавните простори во градот, поточно Кејот на Вардар и Градскиот парк.
- Покрај целосно исчистеното корито на Вардар од хотелот „Александар Палас“ до Аеродром што преставува големо задоволство за скопјани, Град Скопје е во завршна фаза и со реконструкцијата на шеталиштето на кејот „13-ти Ноември“, а во тек е и реконструкцијата на пешачките патеки во вториот дел од Градски Парк, каде веќе се обновени и сите пешачки мостови, се вели во соопштението од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација