Македонија
20. July 2015 - 18:46

Град Скопје: Обвинувањата од Жерновски се неосновани и паушални

Обвинувања на градоначалникот Андреј Жерновски се неосновани и паушални, се вели во реакцијата на Град Скопје на дел од ставовите и наведувањата на градоначалникот на Општина Центар, во врска со изградбата на објектот на плоштадот ВМРО, поточно на настрешницата на овој објект.

Од Град Скопје истакнуваат дека  по барање на ДГ Бетон АД Скопје за издавање на решение за изградба на настрешница во функција на објект со група на класа на намени Б-Комерцијални и деловни намени, со основна класа на намени Б4-Деловни дејности и Б5-Хотелски комплекси, издавале решение за одобрување на барањето.

Градските власти, тврдат дека целокупната постапка е во согласност со закон и во целосна надлежност на Град Скопје.

Посочуваат дека согласно законите не постои можност за заеднички увид на терен, и го повикуваат градоначалникот на општина Центар да изврши увид во целата документација, а општинските инспектори да постапат согласно законот.