Македонија
19. December 2016 - 8:38

Град Скопје ќе ја презентира новогодишната програма

Град Скопје денеска ќе ги презентира содржините што ќе им ги понуди на скопјани за време на новогодишните празници и за дочекот на Новата Година.

За целокупната програма што е организирана по повод новогодишните празници ќе говорат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, генералниот оперативен директор на Македонски телеком Жарко Луковски и претставник на Пивара Скопје.

Новогодишните активности ги организира Град Скопје во соработка со Македонски телеком и Пивара Скопје.