Македонија
20. January 2020 - 16:38

Град Скопје ја презема ,,Дрисла‘‘, Шилегов ќе назначи нов директор

ДРИСЛА од денеска е во сопственост на град скопје. Со решение од централниот регистар депонијата станува ЈП на градот. Директорот Горан Ангелов утре ќе биде разрешен а на негово место градот ќе назначи нов ВД директор. Градоначалникот ги повика сите надлежни институции да го испитаат досегашното работење на ДРИСЛА. Одлуката „Дрисла“ да стане повторно јавно претпријатие Советот на Градот по предлог на Шилегов ја донесе на 17 јули 2019 година.

Откако бугарските власти спречија сомнителен отпад кој го увезува  фирмата Блацион во сопственост на директорот на ДРИСЛА Горан Ангелов и содржуникот Блаже Игњатовски, македонските власти тврдат дека таа не работела во земјава.  Од царинската управа за Сител велат дека согласно податоците компанијата „Блацион“ ДОО не се појавува како испраќач во увозна царинска постапка. И Шилегов нема сознанија дека во земја бил внесуван опасен отпад.

Во меѓувреме и Италијанската полиција потври дека работи на сузбивање сицилијанска мафија која правела милионски бизнис со сторнирање на токсичен отпад во Бугарија.