Македонија
8. February 2022 - 11:00

Град Скопје: Изречени пет казни на диви превозници

 Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје минатата недела изрекле казни на пет диви превозници поради непочитување на законите и прописите за превоз на патници.

-Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје континуирано вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот Скопје. Во текот на изминатата недела проверени се 5 превозници и изречени се пет казни на диви превозници кои сообраќале и вршеле превоз на патници, без при тоа да ги почитуваат законите и прописите за превоз на патници, информираат од Град Скопје.

Оттаму најавуваат дека го продолжуваат засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот, како што нагалсуваат, продолжува со засилени контроли и на јавните површини. Од Град Скопје потенцираат и дека неселективно ќе се санкционираат сите што не го почитуваат законот и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и другите учесници во сообраќајоoт.