Град Скопје: Исчистени 120 мапирани депонии
За прв пат во децении во Скопје се спроведува акција за чистење на дивите депонии каде се согоруваше опасен отпад, што претставуваше извор на загадување на воздухот, почвите и подземните води со што директно се влијае на квалитетот на живот на граѓаните, соопштија градските власти.
– За речиси два месеца со заедничка активност на градот Скопје и дел од скопските општини, исчистени се над 120 мапирани депонии за време на предизборната кампања. Засилени се контролите на инспекторатот и за првпат се изречени големи казни за загадувачите на животната средина и оние кои ги загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните, се наведува во соопштението на Град Скопје.
Од Градот посочуваат дека чистењето продолжува и понатаму. бидејќи секојдневно граѓаните пријавуваат обиди за создавање нови депонии, а инспекциските служби засилено работат на терен, со цел сите да ги почитуваат законите и нема да има никакви отстапки за загадувачите.
– Градот Скопје со стратегија за превенција, започнува до имплементација на системско решение кое опфаќа фото документирање на загадувачите, работа во смени на Инспекторатот со цел санкционирање на сторителите, детекција на депонии и обиди за нивно палење со дрон, но и активен систем за пријави од граѓани со цел превенција на загадувачите и нивно неселективно казнување. Град Скопје упатува апел до граѓаните секоја пријава за новонастаната или веќе постоечка депонија да ја испратат на 24@skopje.gov.mk со цел во најкус можен рок да се испратат екипи од градот за чистење на депониите, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз