Тенис
24. October 2016 - 16:40

Грабул ја продолжи доминацијата на терените на МТП клубот

Димитар Грабул триумфираше на турнирот ЗАК Опен што денеска заврши, а се играше на терените на „МТП Спорт клуб“. Тој во финалето на убедлив начин со 6:0 и 6:3 во сетови го победи Томислав Јотовски. Ова за Грабул е четврта победа на овој турнир и во исто толку години на постоење на овој турнир.

Во финалето на двојки Грабул заедно со Лука Андонов ги победија браќата Бојан и Ѓорѓи Јанкуловски со 6:2 и 6:3 во сетови.

Турнирот се играше за награден фонд од 220.000 денари.