Македонија
13. August 2015 - 10:54

Грабеж во Гевгелија: Ограбени сириски мигранти од вооружена група

Рано утрово околу 4 часот двајца сириски мигранти биле нападнати и ограбени од група вооружени разбојници.

Разбојништвото се случило во „Виолета паркот“ во Гевгелија.

Според исказот, мигрантите биле нападнати од две момчиња и девојка кои дошле со “рено меган“, им се заканиле со пиштоли и им одзеле мобилни телефони, пари и две потврди за барање азил.

Идентитет на разбојниците засега е непознат.

Полицијата трага по нив