Балкан
21. October 2015 - 20:12

Грабар Китаровиќ: Секоја држава сама одлучува како ќе ги заштити границите

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, коментирајќи ја новонастанатата ситуација со Словенија поради мигрантите и одлуката на Љубљана да испрати армија на границата, изјави дека секоја држава има право да ги заштитува границите како што самата ќе одлучи.

Таа посочи дека тоа не е акт насочен кон Хрватска туку е примена на шенгенските правила за заштита на словенечката територија.

- Треба да продолжиме да разговараме бидејќи проблемот со миграцијата е сложен проблем, со кој сите се соочуваме. Не можеме да го решаваме одделно, туку на европско и на светско ниво, посочи Грабар Китаровиќ.