Спорт плус
4. April 2016 - 0:28

ГП Аргентина за Маркез

Марк Маркез победи на трката за Големата награда на Аргентина. Шпанецот, во втората трка оваа сезона, ја забележа првата победа, вкупно 51-ва в кариерата.
 
Трката во кралската класа на патеката „Термас де Рио Ондо“ понуди луда завршница, откако Андреа Јаноне во последниот свиок го изфрли од патеката тимскиот колега пд Дуакти Андреа Довициозо, во моментите кога се наоѓаа на третото односно второто место.
 
Маркез со сигурно возење ја освои првата позиција, Роси долго време беше втор, но откако сите влегоа во пит стопт и ги заменија мотоциклите, Италијанецот го загуби ритамот.
 
Поради проблемите со пенвматиците со кои возачите се соочија во квалификациите, тие добија обврска на половина од трката да ги сменат мотоциклите.
 
Роси најпрвин водеше голема борба за втората позиција со Маверик Вињалес од Сузуки, но тој направи голема грешка на три круга до крајот и излета од патеката.
 
Борбата за второто место Роси ја продолжи со Јаноне и Довициозо, во претпоследноот круг Довициозо со брилијантен маневар ги мина двајцата, а пред Роси излезе и Јаноне.
 
Сепак трката немаше среќен крај за Дукати бидејќи Јаноне предизвика судар со Довицизо, а Роси без да има некакво влијание го освои второто место. Трет на крајот заврши Дани Педроса на Репзол Хонда.
 
Инаку победникот на првата трка во сезоната, актурлниот светски првак Хорхе Лоренцо, трката ја заврши во 11-от круг.
 
Сезоната во кралската класа ќе продолжи на 10.април со трката во Остин, САД.