Свет
13. јуни 2016 - 9:36

Готово е: Полицијата откри кој ја уби пејачката

Решена е мистеријата, полицијата го идентификуваше убиецот кој ја уби пејачката. Полицијата во Орландо го идентификуваше убиецот на Кристин Грими, а се работи за 27-годишниот Кевин Џејмс кој исто така загина откако се рани самиот. Истрагата покажа дека тој допатувал во Орландо за да го изведе нападот.

Напаѓачот немал полициско досие и од претходно не и бил познат на полицијата. 

За време на нападот, загина пејачката која некогаш се натпреваруваше во "The Voice", Кристина Грими.

22-годишната пејачка им подлегна на повредите во болница.