Македонија
12. March 2021 - 10:28

Гостиварец удирал жена со тупаници и клоци, а потоа ја силувал

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против  49-годишник од Гостивар, поради сторено кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 19 декември, околу 21 часот, со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба оштетената. Тој ја однел во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успеала да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.