Македонија
8. May 2020 - 11:57

Гостиварец со секира и нож нападнал татко и син

 Гостиварец завршил во полициска станица откако бил пријавен дека синоќа физички нападнал татко и син. Во пресметката, пријавениот се заканувал со нож и секира.

Според СВР Тетово, синоќа во 19 часот, И.Р.(44) од Гостивар пријавил дека половина час пред тоа, на улица „Балиндолска“ во Гостивар, тој и неговиот син биле физички нападнати од Н.Ш.(56).

Според пријавата, тие претходно се расправале и набрзо дошло до физичка пресметка. Пријавениот Н.Ш. им се заканил со нож и секира, а при обид да му го одземе ножот, И.Р. се здобил со повреда на десната рака.

Н.Ш. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.