Македонија
21. November 2021 - 17:03

Гостиварец пронајден мртов во сопствениот двор, имал повреда на главата

Дедо од Гостивар пронајден мртов во сопствениот двор.

- На 21.11.2021 во 15.15 часот М.С.(32) од Гостивар пријавил дека во Гостивар, во неговиот дом бил пронајден починат неговиот дедо Ќ.С.(83) со повреда на главата. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, се вели во соопштението на МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.