Loading Video...
Кошарка
3. October 2018 - 18:37

Гостиварци подготвени за стартот на кошаркарскиот шампионат

Гостиварскиот кошаркарски клуб, денеска на свеченост им се заблагодари на своите помагатели и спонзори, без кои клубот ќе неможе да ги исполни зацртаните резултати во претстојната сезона која стартува викендов.
 
Финансиската поддршка е неопходна за исполнување на целта,па затоа новиот закон за финанисање во спортот кој ќе стартува на почетокот на следната година треба да биде дополнителен мотив и за останатите правни субјекти во градот, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски. 
 
Во претстојната сезона Гостивар се надева дека ќе го надмине минатогодишниот пласман и дека ќе се вброи меѓу четирите екипи кои ќе се борат за највисок пласман. 
 
„Гостивар е подготвен, за неколку дена започнува првенството кое го дочекуваме спремни. Нашите амбиции се слични како лани, значи да го повториме оној успех од минатата година и ако може барем за уште едно место, да го обезбедиме плеј-офот и на тој начин би направиме добар резултат. Значи, да бидеме меѓу првите четири иако знаеме дека ќе биде тешко, сезонава лигата е доста израмнета. Работнички е малку над нас, има три-четири екипи што се борат во Топ 6 за влез во Суперлигата. Значи треба да бидеме концентрирани, да го дадеме максимумот од себе на секој натпревар ако сакаме да ја оствариме целт“, изјави Србиновски.
 
Сезоната во домашното кошаркарско првенство стартува викендов, а Гостивар во првото коло ќе биде домаќин на Кожув.