Македонија
1. October 2018 - 10:47

Гостивар: Го чистел пиштолот и си испукал куршум во раката

Гостиварчанец додека го чистел пиштолот си нанел повреди на левата рака. Според информациите на полицијата, вчера околу 15 часот било пријавено дека во село Дебреше-гостиварско, Г.Б. (62) од истото село, подмачкувајќи го пиштолот (кој го поседувал без одобрение), без да забележи дека во цевката има куршум, испукал еден куршум со кој си нанел повреди во пределот на шаката од левата рака.
На Г.Б. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Гостивар. Се работи на расчистување на случајот