Loading Video...
Фудбал
24. February 2021 - 0:42

Гостински победи на Баерн и Челзи во првите осминафинали дуели во ЛШ

 
Екипите на Баерн Минхен и Челзи забележаа победи како гости на првите средби од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите против Атлетико и Лацио.
 
Актуелниот европски шампион минхенски Баерн со „една нога“ е во четвртфиналето на елитното натпреварување. Баварците го победија Лацио во Рим со убедливи 4-1 со што обезбедија огромна предност за реванш дуелот. 
 
Целата работа гостите од Минхен ја завршија во првото полувреме кога постигнаа три од четирите голови. Серијата ја отвори Левандовски во 9-тата, а во 24-тата минута 17-годишниот Џамал Мусиала беше стрелец на вториот гол. Во 42-минута Лерој сане зголеми на 3-0. По само две минути игра во вториот дел Ачерби си постигна автогол. Почесниот погодок за Лацио го постигна Кореја во 47-минута. 
 
На дуелот одигран на неутрален терен во Букуреш, екипата на Челзи со погодокот на Жиру во 68-минута славеше победа како гостин против Атлетико Мадрид со 1:0. 
 
Реванш дуелите меѓу овие екипи ќе се играат на 17 март. 
 
Вечерва на програмата се последните два натпревари од првата рунда од осминафиналето. Во Будимпешта, германската екипа Борусија Менхенгладбах ќе ја има улогата на домаќин во дуелот против Манчестер Сити, додека во Бергамо кај Аталанта гостува Реал Мадрид.