Гори втор ден ѓубриштето на депонијата „Краста“ во Куманово
Отпадот на депонијата „Краста“ на која ЈП „Чистота и Зеленило“ го депонира сметот од општина Куманово гори веќе втор ден. Од утрово до пладневните часови пожарникарите од кумановската противпожарна единица во три наврати го гаселе пожарот на депонијата со по едно возило и по двајца пожарникари.
Територијалната противпожарна единица, информира дека и вчера во три наврати пожарот го гаселе три екипи на единицата. Денеска и во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи се пренесува информација дека граѓаните се јавувале во Центарот за јавно здравје поради непријатна миризба во градот.
Од ТППЕ информираат дека зафатена е површина од околу два хектари, а од „Чистота и Зеленило“ дека нивни булдожери се на терен и се обидуваат да помогнат во спречување на ширење на пожарот.
Директорот на претпријатието Сашо Петрушевски, изјави дека пожарот започнал да се шири од долната страна кога од засега непознати причини започнало да горат грмушки и трева, по што се проширил на депонијата.
- Мислам дека за ден-два целосно ќе биде изгаснат пожарот. Вчера и денеска цел ден дува ветер од југ, така што и временските услови одмогнаа во гасењето на пожарот, изјави Петрушевски. До крајот на денот, најавија од ТППЕ ќе се интервенира континуирано.
Денеска, гореше и стрниште на две локации над населбата „Перо Чичо“ и „Стари Лозја“.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК