Македонија
26. September 2018 - 15:35

Гори возило на патот кај село Дебриште, Росоманско

Гори возило на патот кај село Дебриште, Росоманско, информацијата ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

Нивна екипа е на терен и се работи на локализирање на пламените јазици. Се работи на утврдување на причините за пожарот.

АМСМ соопшти Од 14:55 ч.сообраќајот на рег.пат Градско-Прилеп е во прекин поради опожарено патничко моторно возило.