Македонија
17. August 2019 - 19:21

Гори шума во околината на Скопје - пожарот го гасне и локалното население

Дабова шума, нискостеблести растенија и сува трева горат во пожарот на територија на општина Сарај. Според проценките на скопската противпожарна бригада со огнот е зафатена територија од 100-тина хектари.

Пожарот се движи во правец од селото Буковиќ кон соседното Раовиќ. Потпомогнат од ветрот, огнот се доближува и кон селото Ласкарци.

Освен пожарникарите во гасењето на учествуваат и вработени во јавното претпријатие Национални шуми. Од дирекцијата за заштита и спасување велат дека заради пристапниот терен, не е планирано да се вклучат воздухоплови.

Според наделжните, засега во гасењето отсуствува помош од локалните власти на територијата каде е активен пожарот. И покрај законската обврска, општината Сарај нема испратено екипа за справување со огнот.