Македонија
20. December 2017 - 10:12

Гори пиланата „Графопромет“ во Берово - пожарникарите неколку часа се борат со пламените јазици

Гори пиланата „Графопромет“ во Берово лоцирана на влезот на градот во индустрискиот дел.

Како што истакна командирот на ТППЕ Берово, Димитар Букушовски, пожарот се уште е активен, а пријавен е во 4.30 часот утрово.

– Дојавата ја примивме во 04.30, веднаш стигнавме на лице место, но пожарот веќе беше во поодмината фаза, а започнал од покривната конструкција. Во акцијата за гаснење учествуваат осум пожарникари. Во објектот е зафатена поголема количина дрвена и картонска маса од која објектот бргу бил зафатен и, речиси, целосно е опожарен, вели Букушевски.

Додаде дека екипите се уште е на терен и работат на ставање под контрола на пожарот.

– Штетата допрва ќе се утврдува, но е огромна според она што можевме да го забележиме на лице место… Увидот за можните причини за пожарот ќе се врши по создавањето на услови за тоа, истакна командирот на ТППЕ Берово.