Македонија
1. јуни 2019 - 18:31

Гори автобус кај преминот Табановце

Автобус се запалил попладнево на автопатот Скопје-граничен премин Табановце, објави 24 Инфо.

-Околу 16 часот на излез од земјава од засега непознати причини дошло до опожарување на автобус со новосадски регистерски таблици. Патниците се евакуирани. Излезена е екипа од ТППЕ-Куманово. Увид ќе се врши. Сообраќајот се одвива нормално, велат од МВР.