Македонија
22. January 2018 - 17:48

Гореше семејна куќа во Струмица

Денеска околу 15 часот и 30 минути избувнал пожар на улицата „Белградска“ во Струмица, објави Струмица Денес.

Како што тие пишуваат при пожарот направена е голема материјална штета, но за среќа нема повредени.

Според очевидците пожарот настанал  поради електрична инсталација и ги пофалија Противпожарната единица на Струмица бидејќи пристигнале навистина брзо и го спречиле ширењето на огнот.