Македонија
28. September 2016 - 10:11

Гореше позната скопска кафеана - пожарот подметнат

Пожар бил подметнат рано утринава во угостителскиот објект „Катана“ лоциран на улицата „Мите Поп Јорданов“ во скопско Козле.
 
Од полицијата денеска информираат дека сопственикот на кафеаната околу 3 часот и 20  минути пријавил пожар во неговиот угостителски објект, а противпожарната единица веднаш пристигнала на местото на настанот. Изгореле телевизор, дел од тенда и пластична решетка. Од снимките од видео надзорот било утврдено дека непознато лице фрла шише со запалива течност кон објектот.
 
Полицијата извршила увид на местото и трага по сторителот со цел расчистување на случајот.