Македонија
10. October 2017 - 12:35

Гореше куќа во Скопје

Б.И.(33) од Скопје, вчера во 20:00 часот пријавил дека му била опожарена неговата куќа.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат.

Од пожарот зафатен е првиот и делумно, вториот кат. Во разговор со соседите добиено е известување дека бил забележан А.Д. како ја полева куќата со запалива течност и потоа ја пали со молотов коктел, по што со патничко моторно возило се оддалечил од местото на настанот.