-->
-->
Гордон, Робинсон и Порзингис „ѕвезди“ на втората Ол стар вечер
-->

Бекот на Хјустон Ерик Гордон победи во шутирањето тројки, а Глен Робинсон од Индијана беше најуспешен во забивањето на ноќеска одржаните натпреварувања во рамки на 66.то издание на „Ол старот“. Во финалето во шутирање тројки Кемба Вокер имаше 17 поени, а Кајри Ирвинг и Гордон имаа по 20. Во дополнителното шутирање Гордон беше подобар од Ирвинг со 21:18. Ланскиот победник Клеј Томпсон беше елиминиран во првиот круг.
Во финалето во забивање Робинсон беше поуспешен од Дерик Џонс Јуниор (Феникс). Оваа година поради повреда не настапи шампионот од последните две сезони Зек Лавин.
Во натпреварот „скилс челинџ“ победи играчот на Њујорк Кристапс Порзингис, кој во финалето беше Гордон Хејворт од Јута.
Вечерва во два часот по полноќ по македонско време се игра натпреварот Исток – Запад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
