Гонзалез замина од Македонија, се бара негов наследник?!
Она што и се очекуваше денеска го соопшти РФМ. Раул Гозналез не е повеќе селектор на нашите најдобри ракометари. Шпанецот ја изврши последната задача на СП во Германија и Данска каде Македонија ги заврши натпреварите уште во првата фаза.
Според информацијата од РФМ постигната е спогодба за взаемно раскинување на соработката особено што Раул Гонзалез има сериозни професионални обврски со францускиот гигант ПСЖ.
Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката.
Би сакале да му се заблагодариме на “Ел команданте” за досегашното работењe со нашиот А-тим и му посакуваме се најдобро: многу успеси и многу титули во иднина. Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи“
Од федерацијата нема најави за негов наследник иако најблиску до функцијата е неговиот заменик и актуелен тренер на Вардар, Роберто Парондо. Медиумите шпекулираат со уште неколку имиња од македонската тренерска фела но поконкретно ќе се знае во наредните денови. Македонија следните квалификациски дуели за ЕП ги игра со Исланд во месец Април.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер