Ракомет
15. October 2018 - 17:31

Гонзалез повика 28 ракометари за Турција и Грција

Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Раул Гонзалез го објави поширокиот список на 28 ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 25.октомври против репрезентацијата на Турција. Натпреварот ќе се одигра во Битола со салата “Боро Чурлевски” со почеток во 20:15 часот.

Ракометарите потоа ќе и гостуваат на Грција в недела на 28.октомври.