-->
-->
Големото македонско дерби Вардар - Пелистер ЖИВО на СИТЕЛ 3
-->
Во фудбалското првенство на Македонија, односно Првата лига, денеска ќе се играат натпреварите од 8.коло.
Оваа рунда го носи големото дерби меѓу вечните ривали Вардар и Пелистер. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари, а ќе започне од 15 часот.
Во истиот термин ќе стартуваат и другите четири натпревари во кои ќе се сретнат: Брегалница - Македонија ЃП, Шкендија – Ренова, Победа – Работнички и Шкупи – Силекс.
Табела: Вардар 17 бодови, Шкендија 13 (-1 натпревар помалку), Работнички 12, Пелистер 11, Ренова 10, Силекс 9, Брегалница 6, Шкупи 5 (-1), Победа 5 и Македонија ЃП 3.
Директениот пренос од дербито Вардар -Пелистер ќе може да следите на програмата на Сител 3 телевизија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Додик: Подготвени сме на разговор со сите, но не и да не игнорираат
-
Северна Кореја распореди дополнителни трупи во Русија
-
Претежно облачно со магливо утро по котлините
-
Делови од Долно Лисиче и Бардовци денеска без струја
-
Мицкоски: Апсолутно не размислувам за промена на македонската химна
-
Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата
-
Трамп: ЕУ е создадена за да ја искористува Америка, ќе воведам 25 отсто царини за автомобили
-
Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска, денеска уапсени три лица