Македонија
6. July 2016 - 20:49

Големо невреме во Скопје

Погледнете како е во моментов во Скопје, кој е погоден од пороен дожд.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и посвежо време. Претпладне ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието. Во четврток највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 25 до 33 степени, а УВ-индексот ќе има вредност 7.

Од петок следува период на стабилно и топло време. Дневните температури ќе бележат пораст.