Балкан
11. September 2017 - 10:07

Големо невреме во Хрватска, пороен дожд го потопи Задар

Силно невреме го погоди Задар околу 8 часот утрово и се уште трае.

Ударите на громови зачестија, а ветер дува од вчера. Голем дел од градот е поплавен од атмосферските води кои шахтите не можат да ги соберат.

„Секој пат иста праказна. Штом падне дожд, доаѓа до поплава, зошто одводите се лоши“, велат жителите на овој град.