Џет-Сет
15. July 2016 - 11:30

Големата љубов продолжува: Маријана и Немеш се смирија и планираат венчавка

Марија Ковачевиќ и Никола Немешевиќ Немеш врската ја почнаа во реалното шоу „Големиот брат 4“, а по три години љубов ја прекинаа романсата. Изгледа дека риалити играчите не можат еден без друг, па повторно и дадоа шанска на својата љубов.

Маријана и Немеш се смирија, а наскоро планираат и да ја официјализираат својата врска. Имено, риалити двојката во август организира голема венчавка во Хрватска, а се се држи во голема тајност.

По две години, поранешните учесници од реалното шоу повторно се заедно, а судбоносното „да“ ќе го изговорат во истарскиот Новиград.

Да потестиме, Маријана и Немеш врската ја започнаа пред камерите на „Големиот брат“, иако Хрватицата надвор имаше сопруг. Откако излезе од реалното шоу, Маријана го остави сопругот и ја продолжи врската со Немеш.