Џет-Сет
28. January 2017 - 11:00

Голема загуба за филмската уметност, замина познатиот актер

Џон Харт, еден од великаните на британското глумиште, почина денеска на 77 години, соопштија медиумите од островот.

Големиот театарски и филмски актер беше ширум светот познат по улогите во филмовите „Човек слон“, „Вонземјанин“ од Ридли Скот како и серијата „Јас Клаудиј“ каде го играше Калигула, потоа улогите во „Хари Потер“, „Скандал“, „Индијана Џонс“.

Беше омилен актер на бројните славни режисери, а Дејвид Линч го сметаше Харт за најдобар актер во светот.

Беше номиниран за Оскар за главна улога во филмот “Човекот слон“ и споредна улога во „Полноќен експрес“.