Спорт плус
9. April 2018 - 15:54

Голема трагедија го потресе спортскиот свет: Почина велосипедист што падна на трка

Белгискиот велосипедист, 23 годишниот Михаел Гулаертс почина во болница после падот на саботната трка Париз -Робаикс. Тој доживеал застој на срцето, а лекарската служба му даваше вештачко дишење на патот пред со хеликоптер да го префрлат во болница.
 
 
Тажни вести стигнуваат од болницата во Лил. Белгиецот Михаел Гулаертс почина ноќеска во болница во која е префрлен после на падот на трката Парис- Робаикс. Лекарите се обиделе да го спасат на лице место, но тој починал во болница.
 
Белгискиот велосипедист, 23 годишниот Михаел Гулаертс почина во болница после падот на саботната трка Париз -Робаикс. Тој доживеал застој на срцето, а лекарската служба му даваше вештачко дишење на патот пред со хеликоптер да го префрлат во болница.
 
-Со незамислива жалост изјавуваме дека нашиот возач и пријател Михаел Гулаертс во 22:40, почина во Лил, во присуство на семејството и саканите личности, порачаа од неговиот тим Веранда’с Вилемс- Крелан.
 
Гулаертс падна на 110 километри од траката во должина од 257 километри, а лекарите го пронашле во несвест. Трката е продолжена, а победи Питер Саган, но набрзо сите станале свесни за целата ситуација. Трката Париз- Робаикс, позната под називот „Северен пекол“, една од најтешките во велосипедизмот. Се состои од 29 делови во камен, кои велосипедистите мора да го поминат во еден ден
 
-Во име на меѓународното здружение на семејството на велосипедисти и велосипедистки, би сакал да изразам сочувство на семејството, тимот и сите сакани на Михаел Гулаертс, кој денеска прерано не напушти. Делиме неизмерна жалост, кажа Давид Лапартиент, претседателот на меѓународното здружение на велосипедисти.
 
Со ова смрт на несреќниот Белгиец продолжен е црниот тренд во последниот период, кој започна со смртта на фудбалерот Давиде Астори, кој пред еден месец умре во сон, исто така од застој на срцето. После смртта на Астори, во нешто повеќе од еден месец починаа и фудбалерите Томас Родригез, Адриан Лилебек, Бруно Бобан и Самба Диоп, кој почина во саботата.