Балкан
11. March 2018 - 21:03

Голема тага, лелеците на мајката го параа небето: Малечкиот Бошко кој се удави во река погребан во бел ковчег

Петгодишниот Бошко Каришик, детенцето кое во саботата се удави во надојдената река Рзав во близина на населбата Вигоша денеска е погребан на гробиштата Вране во Ариље.

На вечниот пат, малечкиот Бошко го испратија лелеците, тешките солзи на неговата мајка Весна, солзите на стотината Ариљци кои дојдоа да се простат од детенцето кое самошто стигна на свет...

-Одиме Бошко, одиме Боле мој, одиме сине мој роден во нашата куќа - го параа денеска небето на Ариље лелеците на несреќната мајка...Ова не е вистина, ова е измама, стани Боле, да си одиме во нашата куќа - лелекаше неутешната мајка незнаејќи како на постариот Виктор да му објасни дека братчето го нема повеќе.

Малиот Бошко бил љубопитно и веселе детенце и голем љубимец на мама. Семејството планирало да го крсти на Ѓурѓовден.