Ракомет
12. May 2019 - 19:38

Голема радост во редовите на РК Металург

Ракометарите на Металург направија вистински подвиг со победата против Вардар од 33-32 со што го освоија купот на Македонија на завршниот турни во Куманово.

            Мечот беше извонредно интересен за ракометните фанови но и голем предизвик за екипата од Автокоманда која успеја да го искористи искуството од лигата на шампионите и големиот талент да му се наметне на големиот фаворит и во драматичен меч да се избори за нерешен резултат 32-32 по што следуваше пенал – рулетот. Јунак во тимот на металурзите беше голманот Даниел Дупјачанец кој успеа да ги одбрани ударите на Дибиров и Чупиќ што им ја донесе 12-тата титула во клупската историја и 6-та во купот откако во последната серија реализираше Танкоски.  Во регуларниот дел најефикасни кај победникот беа Шпенде со 9 и Токиќ со 7 погодоци додека кај Вардар Чупиќ и Криштопанс постигнаа по 7.