Голема материјална штета и 37 повредени од попладневните земјотреси во Албанија
Двата силни земјотреса кои попладнево ја погодија Албанија предизвикаа голема материјална штета во повеќе делови во земјата а последните информаци говорат дека лекарска помош поради повреди побарале 37 лица.
Најголема штета е регистрирана на објекти во Драч, како и на возила врз кои паднал дел од градежен материјал од објектите. Во Драч земјотресот поделил на два дела повеќекатница а една куќа е урната во близина и на автопатот Тирана-Драч.
-Земјотресот со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер и интензитет од 7,5 степени, на 30 километри северно од Драч е најсилен до сега по оној од април 1979 година. Почувствуван е во сите делови на Албанија и во соседните земји,-наведува телевизијата Ора њуз.
Тлото во Драч не мирува, по двата силни земјтреса регисррани се уште неколку со послаб интензитет.
Надлежнте упатија апел до жителите на Драч да не се враќаат во домовите порад можноста за нови потреси. Улцте плоштадте во градот се пеполни од народ.
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер