Балкан
11. April 2017 - 15:22

Голема акција на полицијата во Србија: Се апси од рано наутро, паднаа и полицајци

Голема акција денеска спроведува српската полиција. Во Шабац денеска полицијата апси од рано наутро, а се работи за лица кои се сомничат за повеќе криминални дела, меѓу кои има и полициски службеници.

Уапсен е и началникот на полицијата на Шабац.

Засега не се знаат повеќе детали. Акцијата сеуште трае.