Балкан
6. February 2017 - 21:53

Голема акција на полицијата, паднаа дилери на оружје

Речиси 60 лица се уапсени при заедничка операција на 19 земји, европската гранична служба Фронтекс и Европол за спречување на шверц на оружје во Западен Балкан, јави ТАСС, повикувајќи се на информации од Европол. 

При операција, што траела три денови, биле проверени 219.000 лица и 14.800 автомобили, запленети се 48 парчиња огнено оружје, 833 парчиња муниција, четири рачни гранати и околу 500 грама експлозив.

Освен тоа, во четири земји се запленети околу 505 килограми марихуана и одредена количина на синтетички наркотици. 

Вкупно во земјите на Западен Балкан се уапсени 58 лица, а на 127 им е дадена забрана за премин на границата на различни контролни пунктови.