Џет-Сет
26. July 2016 - 11:50

Голем срам на 40-дневниот помен на актерот Милорад Мандиќ Манда

Додека сонцето пржеше, вчера тажна поворка се упати кон гробот на актерот Манда каде беа одбележани 40 дена од неговата смрт.
 
Неговата сопруга Анастасија, децата Марко, Марија, Филип и Андрија ги дочекаа пријателите на Манда кои не можеа да ги сокријат болката и солзите. На неговиот помен не дојдоа претставници од театарот на кој Манда го посвети буквално целиот живот.
 
 
– Ова е срамно пријатели. Тој живееше за театарот, а колективот не дојде на поменот. Огорчена сум од оваа постапка. Дојдовме само тројца, каде се останатите, ова е невидена срамота, потресено раскажа пријателка на Манда од театарот.